Жан Митрев е роден во Штип, каде завршува гимназија, а медицински факултет во Скопје.
Специјализира хирургија во Загреб, а кардиохирургија во Германија. Работи како кардиохирург
во Франкфурт и Цирих, а во 2000 година ја отвора првата приватна болница во Македонија.
Како единствен Македонец до сега, во 1997 год. во Франкфурт ја прави и првата трансплантација
на срце. Како што вели: го има оперирано духовното срце на Македонија ...
Во тој контекст е и оваа книга со 8 приказни за големите македонски великани, како
придонес за идните генерации.