Кратка содржина

 

 

Najgolemata-Zrtva На еден едноставен начин на раскажување, поврзувајќи некои историски настани со големите македонски великани Филип и Александар, како сцени од некој филм се редат 8-те приказни . Преку нив се пренесуваат универзалните вредности што го прават еден човек да остане забележан во историјата. Односот на татко-син како основна цивилизациска нишка на пренесувањето на животната традиција, вредноста и филозофијата на еден етнос. Во сите приказни преовладува основната порака, мудроста и љубовта како најсилно оружје. Големината на љубовта, која се манифестира кон татковината, претставува највисок дострел на човековиот дух, кој секогаш останува забележан и неизбришлив од колективното паметење на еден народ.
Само во тоа, Филип и Александар до ден денешен
се ненадминати, љубовта кон татковината.