Тоа е привилегија да се има таков човек, со такви способности, со таква слава, со
такви резултати на сите подрачја и да живее тука меѓу нас и на разни начини да ја
буди свеста за славното минато, не само на Македонците туку и кај сите сродни народи.
Го помага самосознавањето. Врши големо влијание и кај многу Македонци поттикнува
истражување. Голем е списокот на спонзорства на луѓе, трибини, здруженија со исто
така рака лековита што ги заздравува срцата, ги поткрепува сите околу себе, делува,
ја дели љубовта и дарбата што ја негува за своите Македонци.
Тоа се и приказните во книгата „Македонски приказни за Филип и Александар“ од Жан
Митрев. Со таа книга ќе се зголемува меморатавниот склад на античките знаења кај
сите генерации на Македонците, за умните цареви и принцови како ненадминат пример
на непобедливата фаланга чија тактика се применува и во современото војување кај
сите народи во светот денеска.
Приказните ги изразуваат добро познатите историски факти од животот на македонската
царска куќа во владеењето на Филип и Александар во втората половина на IV век п.н.е.
Се зборува и за скротувањето на Букефал, за битката на Херонеја, за битките на Граник,
Ис и Гавгамела, за победата на Пор во Индија, за женидбата на Александар и сето
тоа емотивни и уметнички обликувано врз етнички и морални принципи, во македонско
рува предадени. Тоа е тоа македонски начин на пишување за нас со радост што го дочекуваме
што ни го дарува Жан Митрев.
Досетките и длабоките битни потези што царот ги превземал раскажани во секоја приказна
и кај Жан Митрев ги развиле истите мисловни способности. Тоа е големо изненадување
што ја носи тежината на сите умни заклучоци во неговото пишување и претставува новина
во толкувањето на познатите настани на нов начин. Нека му е со среќа се што прави
и царски што се бори.
Ангелина Маркус
професор по филозофија