Откупени 70 примероци од „Македонски приказни за Филип и Александар“ од страна на Министерството за култура на Р. Македонија и подарени на децата згрижени во СОС Детско Село, Скопје

 

 

Објавено: 10.09.2012

 

sos

 

На 10.09.2012 година на покана од Министерството за култура др Жан Митрев како автор присуствуваше на доделувањето на 70 примероци од неговата книга на децата од СОС Детско Село-Скопје , кои министерството за култура неодамна ги откупи во рамките на годишниот откуп за самостојно издадени публикации за 2012 година.

 

Оваа книга треба да биде поука за овие деца, како да се негуваат универзалните вредности на едно општество, како што се љубовта кон татковината, почитување на таткото и фамилијата и борбата да се изнајде вистинското решение за да се постигне целта.

 

Назад