„Македонски приказни за Филип и Александар“ на саемот на книга во Москва

 

 

Објавено: 04.10.2012

 

Изданието на руски јазик на „Македонски приказни за Филип и Александар“ беше промовирано на 25. Меѓународен саем на книга во Москва, во склоп на македонскиот штанд организиран од страна на издавачката куќа „Македонска реч“ со поддршка на Министерството за Култура на Македонија.

 

За време на саемот, кој се одржа од 05-10.09.2012 година заедно со оваа книга беа изложени поголем број на изданија на македонски автори на македонски и руски јазик, со што се промовираше македонската култура пред големиот број на посетители.

 

saem

 

saem

 

saem

 

Назад